Тридневниот Фестивал на уметноста започна денеска (14 мај) на Ликовната академија во Штип со изложбата организирана од Катедрата за технологија на текстил при Технолошкиот-технички факулет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
„Станува збор за модели изработени од студентите во текот на годината. Се работи за десетина современи модели инспирирани од традиционалната македонска носија. Тоа не се рециклирачки материјали, туку напротив за уникатни материјали специјално одбрани за вакви современи модели, а базирани на традиционалните корени и изработени на современ начин“, вели деканот на Ликовната академија во Штип, Петар Намичев (фото).
Според Намичев сите модели го содржат модерниот концепт на туника, инспирирана од традиционалната носија, а самиот материјал на долниот дел е збогатен со елементи на срма. Некои од моделите содржат и колани инспирирани од самата традиционална облека.
Наредните денови главна тема на фестивалот ќе биде изработка на графика и графичката техника на преса за што ќе има теоретска и практична презентација од професори и ликовни ументници од соседните земји. Тие за студентите ќе одржат и посебна работилница на која младите уметници ќе изработуваат модели кои ќе бидат презентирани на завршната изложба, последниот ден на фестивалот.
Т. ЈОВАНОВСКИ