Принцот Хари и Меган Маркл го чекаат второто дето, објави нивниот портпарол.
„Можеме да потврдиме дека Арчи ќе биде поголемо братче. Тие се пресреќни со веста“, кажа портпаролот.
Хари и Меган објавија црно-бела фотографија како седат под дрво, при што таа си го гали трудничкото стомаче.
Тие го добија синот Арчи Харисон во мај 2019 година, а убавата вест следува неколку месеци откако Меган откри дека имала спонтан абортус. Новото бебе ќе биде осмо во редот за наследство на тронот.