ХАРИ И МЕГАН ГИ ДОБИЈА ТИТУЛИТЕ – ЌЕ БИДАТ ВОЈВОДА И ВОЈВОТКА ОД САСЕКС

Лондон, (Си-Ен-Ен)

Принцот Хари и Меган Маркл ќе добијат свои титули по завршувањето на свадбата и тие ќе бидат војвода и војвотка од Сасекс.

Ова беше официјално потврдено од палатата Кенсингтон неколку часа пред почетокот на венчавката и Меган ќе биде првата која ќе ја носи оваа титула, додека единствениот војвода од Сасекс досега бил принцот Августус Фредерик, шестиот син на кралот Џорџ Трети и на кралицата Шарлот, кој ја добил оваа титула во 1801 година.

Овие титули ги определува кралицата кога некој роднина ќе достигне одредена возраст или кога прави свадба. Постојат по пет титули и за мажи и за жени, но тоа најчесто се војвода и војвотка.

Хари, истовремено, ќе добие шкотска и северноирска титула, па ќе биде и гроф и барон.