ИЗЛОЖБАТА „ПРЕИСПИТУВАЊА“ НА УМЕТНИЦИТЕ ПОПОВ И ПИЈАМАНОВ ОТВОРЕНА ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Во фоајето на Велешки театар е отворена изложба на ликовните уметници Тони Попов и Никола Пијанманов, насловена „Преиспитувања“. Изложени се триесетина дела, работени со акварел на медијапан. Повеќето се на Пијанманов а седум се на Попов.

„И двајцата автори во нивното ликовно творештво, сликарството, се занимаваат со универзалните човечки искуства. Пијанманов на овие слики настапува како набљудувач и ги пресликува човечкиите чувства на тага, болка, радост, создадени во чекална, искуства кои сите ние сме ги доживеале во животот. Сликите на Тони Попов се автопортрети, кои ги отсликуваат психолошките состојби во моментот кога се креирани“, кажа Јасмина Котеска, куратор на изложбата која премиерно беше поставена летово во Демир Хисар.

Изложбата во Велес е дел до содржините на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика и ќе биде поставена до 29 септември .

П. ПЕЧКОВ