ИЗУМИТЕЛОТ НА СЕКС РОБОТИ САКА ДА ИМА БЕБЕ ИСПЕЧАТЕНО ВО 3Д

Барселона, (Мирор)

Шпанскиот изумител на секс роботите Серги Сантос  откри дека планира да има бебе со својот робот Саманта, користејќи мешавина од карактеристики на „парот“. Тој живее во Барселона со неговата сопругa Марица Кисамитаки и група силиконски секс кукли. Вели дека е спремен да го направи следниот чекор со својата секс партнерка.

„Можам да направам да имаат бебиња, не е толку тешко. Јас би бил многу среќен кога би имал дете со робот. Едноставно ќе го програмирам мозокот со геном, на тој начин што ‘новороденчето’ би имало морални вредности, концепти за убавина, правда и други човечки принципи. Би склопил алгоритам со тоа што јас лично верувам во врска со тие концепти, ќе го измешам со тоа што таа мисли, и ќе го испречатам во 3Д“.

39-годишниот Серги вели дека тој има редовен секс со своите роботи и тоа не делува воопшто негативно врз неговиот брак. Напротив, ја подобрил врската. Неговиот андроид Саманта има способност да создаде емотивна блискост и да изразува различни форми на романтика, сексапилност и семејна грижа.

Сантос го создаде првиот секс робот во 2015, а има намера да го издаде на пазарот следните недели со цена од 2.000 долари.