ЈУСЕИН БОЛТ СТАНА ТАТКО

Кингстон, (Сан)

Јусеин Болт стана татко откако неговата долгогодишна партнерка Каси Бенет роди девојче.

Осумкратниот олимписки шампион засега не го открива името на бебето, а среќната вест ја соопшти премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес.

Честитки за нашата спринтерска легенда Јусеин Болт и Каси Бенет за раѓањето на нивното девојче“, напиша Холнес на Твитер.

Триесет и тригодишниот Болт и Бенет се во врска од 2014, но јавно го признаа тоа дури две години подоцна.