И покрај тензичните протести на кои што беа приведени десетици луѓе, во неделата конечно беше урната зградата на Националниот театар на Албанија во Тирана изградена од Италијанците за време на Втората светска војна.

Тирана го има избрано проектот за новата модерна зграда на театарот уште во 2018 година и тој е дело на студиото на еден од најпознатите архитекти на денешнината, Бјарке Ингелс.

Објектот ќе има изглед на машна и ќе содржи три аудиториуми, амфитеатар на покривот и јавен плоштад. Премиерот Еди Рама вети дека новиот театар ќе биде „уште една културна дестинација од европски пропорции“.

Театарот се состои од две згради поврзани со главен аудиториум: една за публиката и една за изведувачите. Плоштадот се спушта под театарот, создавајќи простор за улични настапи и настани, додека амфитеатарот ги користи предностите на накосениот покрив. Двете главни фасади се отворени, изложувајќи го внатрешниот простор на луѓето кои се надвор“, вели Ингелс.