КАЈЛИ ЏЕНЕР ГО ДОБИ ВТОРОТО ДЕТЕ СО РАПЕРОТ ТРЕВИС СКОТ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Кланот Кардашијан-Џенер има нов член. Дваесет и четиригодишната милијардерка Кајли Џенер објави на Инстаграм дека се породила, постирајќи црно-бела фотографија од рака на новороденче, дополнето со датумот 2.2.2022.

Таа и раперот Тревис Скот веќе се родители на четиригодишната ќерка Сторми Вебстер, која се роди на 1.2.2018. Двојката во септември потврди дека го чека второто дете. Иако не открија никакви детали за приновата, некои американски медиуми објавија дека бебето е машко.

Кајли е најмладата сестра во семејството Кардашијан-Џенер, а се збогати преку своите успешни козметички брендови.