ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ АКТЕРИТЕ ЧЕНИНГ ТЕЈТУМ И ЗОИ КРАВИЦ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Актерите Ченинг Тејтум и Зои Кравиц се свршија по две години врска, објавија американските медиуми. Тие ја почнале врската откако заедно работеа на филм.

Кравиц во саботата беше снимена како носи свршенички прстен на забавата за Ноќта на вештерките, организирана од Кендал Џенер. Извори блиски на двојката потврдија дека тие планираат венчавка.

За двајцата ова ќе биде втор брак. Кравиц, која е ќерка на рок ѕвездата Лени Кравиц и актерката Лиса Бонет, се разведе во 2019, додека Тејтум десет години беше во брак со актерката Џена Дјуан, со која има ќерка. Пред Кравиц, тој беше во врска со пејачката Џеси Џеј.

(Фото: Гети)