КИЈАНУ РИВС СЕ ПОЈАВИ СО ДЕВОЈКА НА ЈАВЕН НАСТАН ПРВПАТ ВО 35 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Кијану Ривс беше повеќе од јасен откако првпат се појави со девојка на јавен настан.

Педесет и петгодишниот актер и девет години помладата уметница Александра Грант се држеа за раце на настан во Лос Анџелес организиран од „Гучи“ и медиумите забележаа дека ова е потврда на нивната голема љубов, имајќи предвид дека тој никогаш во 35-годишната кариера не се однесувал вака на црвен килим.

Тие се зближиле откако во 2011 година заедно работеа на поетска книга, чиј автор беше Кијану, додека Грант ја илустрираше. Подоцна заедно основаа и издавачка куќа.

Низ годините, Ривс романтично се поврзуваше со неколку актерки, како Сандра Булок и Клер Форлани, но неговиот приватен живот секогаш остануваше скриен од очите на јавноста. Тој беше обележан и од трагедии: во 1999 неговата ќерка се роди мртва, а мајката на детето Џенифер Сајм загина во сообраќајна несреќа две години подоцна.