РИЧАРД ГИР ЧЕКА НОВО ДЕТЕ НА 70 ГОДИНИ, ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО ДОБИ СИН

Њујорк, (Дејли мејл)

Ричард Гир чека ново дете на 70 години.

Само девет месеци откако доби син, сопругата на холивудската легенда е повторно бремена, објавија шпанските медиуми.

Гир се венчаше со двојно помладата Шпанка Алехандра Силва лани во април и во февруари годинава им се роди син. Шпанскиот магазин „Ола!“ објави дека новото бебе треба да дојде на пролет.

И Гир и Силва имаат по едно дете од претходните бракови.