25 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МИЛАН МЛАДЕНОВИЌ – НЕ ЖАЛАМ ШТО СУМ ГО ПОТРОШИЛ ЖИВОТОТ НА РОКЕНРОЛ

Белград, (Телеграф)

„За крај, само би кажал дека во никој случај не жалам што сите овие години сум ги потрошил на така несериозна работа како рокенрол и мислам дека почесно и поискрено и не сум можел да ги потрошам“, се вели на крајот на монографијата посветена на Милан Младеновиќ.

Легендарниот фронтмен на „Екатарина Велика“ и еден од најпочитуваните и највлијателни ексју музичари почина на денешен ден пред 25 години од рак на панкреас. Тој дознал за тешката болест само три месеци порано, откако му се слошило по концертот во Будва, а кога починал, наводно имал само 35 килограми.

Младеновиќ е роден во 1958 година во Загреб и музиката ја засакал уште како мал.

„Почнав да свирам уште во четврто одделение, откако татко ми ми купи акустична гитара“, изјави Младеновиќ.

На крајот на 1970-ите, тој ја основал својата прва група „Лимуново дрво“, од што ќе произлезе „Шарло акробата“, а потоа и „Екатарина Велика“, прво под името „Катарина Друга“. Сите овие проекти имаа исклучителна важност во обликувањето на музичката сцена и на урбаните генерации во Југославија во 1980-ите.

Името на Милан Младеновиќ денес носат улици во Белград, Загреб и Подгорица.