КИМ КАРДАШИЈАН-ВЕСТ ОДИ ВО АДВОКАТИ

Њујорк, (Гардијан)

ТВ-ѕвездата и модна икона Ким Кардашијан-Вест откри дека студира за да стане адвокат по кривично право и дека во 2022 година планира да го полага правосудниот испит.

Таа минатото лето го почнала четиригодишното стажирање во правна фирма од Лос Анџелес, некако во исто време кога се бореше за ослободувањето на 63-годишна жена осудена на доживотен затвор, која потоа беше помилувана од Доналд Трамп.

„Морав многу да размислам за ова. Кога ме поканија во Белата куќа да помогнам во реформирањето на системот на помилувања, се почувствував како судија кој осудил многу криминалци и моќни луѓе и си реков дека сакам да знам повеќе за тоа. Сакам да се борам за луѓето кои неправедно се оставени од општеството. Мислам дека системот треба да биде поразличен и сакам да се борам да го поправам“, изјави Кардашијан во интервјуто за американски „Вог“.

Таа не би била прв адвокат во семејството, имајќи предвид дека нејзиниот татко Роберт Кардашијан се прослави како дел од одбраната на О Џеј Симпсон.