Кралицата Елизабета Втора го доби деветтиот правнук откако принцезата Јуџини денеска роди машко бебе. Неговото име не е соопштенио, а тој ќе биде 11. во редот за наследство на тронот.
Триесетгодишната Јуџини е помладата ќерка на третото дете на кралицата, принцот Ендрју и неговата бивша сопруга Сара Фергусон.
„Кралицата е пресреќна со веста. Бебето и мајката се добро“, соопшти Бакингамската палата.
Јуџини се венчаше со Џек Бруксбенк во 2018 година на церемонија во замокот Виндзор на која присуствуваа 850 гости.