ЌЕ СЕ СНИМА НОВА ВЕРЗИЈА НА „ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ“, НЕМА ДА БИДЕ МЈУЗИКЛ

Лос Анџелес, (АП)
THE WIZARD OF OZ, Bert Lahr, Judy Garland, Jack Haley, Ray Bolger, 1939

Филмското студио „Њу Лајн Синема“ ќе снима нова верзија на „Волшебникот од Оз“, во режија на Никол Касел, која се прослави со хит серијата „Вочмен“.

Романот на Френк Баум од 1900 година, кој сега е јавна сопственост, во изминатите децении беше адаптиран на филм и телевизија многу пати, а секако најпозната верзија е мјузиклот со Џуди Гарланд од 1939. Новиот филм нема да биде мјузикл и од „Њу Лајн Синема“ ветуваат дека ќе направат свежа приказна за Дороти и земјата Оз, но секако ќе позајмат некои елементи од класиката со Џуди Гарланд.

„Воодушевена сум и почестена што ми беше дадена одговорност одново да ја раскажам оваа легендарна приказна. Потребата да се истражат оригиналните теми, потрагата по храброст, љубов, мудрост и дом, изгледа посовремена и поитна од кога било“, изјави Касел.

Последната филмска верзија на „Волшебникот од Оз“ излезе во 2013, со Џејмс Франко во главната улога, која се случува 20 години пред настаните од филмот од 1939.