КУЌАТА ВО ЛОНДОН ВО КОЈА ПОРАСНАЛ ДЕЈВИД БОУВИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА ЈАВНОСТ СЛЕДНАТА ГОДИНА

Лондон, (АП)

Домот на Дејвид Боуви во Лондон наскоро ќе стане нова туристичка атракција. Куќата во која пораснала една од најголемите музички ѕвезди беше купена од хуманитарна организација, која планира да ја отвори за јавност.

Heritage of London Trust кажа дека куќата од 19. век во јужното лондонско предградие Бромли ќе биде обновена во стилот на 1960-тите, пред да стане достапна за јавност следната година.

„Посетителите ќе можат да ја видат спалната соба каде што искра станала пламен“, објави организацијата, не откривајќи колку платила за куќата.

Роден како Дејвид Џонс, Боуви живеел во куќата од 1955 до 1967 година, кога како 20-годишник тргнал во потрага по славата. Тој потоа живеел во Филаделфија, Берлин и Њујорк и попатно го менувал својот музички стил.

Боуви почина на 69 години на 10 јануари 2016, два дена по објавувањето на неговиот последен албум „Blackstar“.

(Фото: АП)