ЛАВЧЕ ОД ДАЛАС ПОСЛУЖИЛО КАКО ИНСПИРАЦИЈА ЗА ЛИКОТ НА СИМБА ВО „КРАЛОТ ЛАВ“

Лос Анџелес, (Вараети)

Едномесечно лавче од зоолошката градина во Далас послужило како инспирација за ликот на Симба во новата верзија на „Кралот лав“, што имаше светска премиера минатата недела.

Зоолошката градина на својата Фејсбук страница објави видео од лавчето Бахати, за кое вели дека му било испратено на студиото „Дизни“, за неговиот тим аниматори да ги проучи движењата и однесувањето на бебе лав. Тоа подоцна било искористено во креирањето на ликот на Симба.

Симба во новиот „Кралот лав“ (Фото: Дизни)

„Кога Бахати имаше само еден месец, на ‘Дизни‘ му испративме видео со негови движења. Од колебливото одење на малите нозе до лижењето на капки млеко од лицето, уловивме секој момент, без разлика колку мал“, велат од зоолошката градина.

Бахати веќе не е бебе, туку целосно порасната двегодишна лавица.

И покрај слабите критики, фотореалистичниот римејк на „Кралот лав“ одлично помина во киносалите, заработувајќи 543 милиони долари во првите десет дена од прикажувањето.