Џејсон Пристли вели дека новата верзија на „Беверли Хилс 90210“ ќе биде многу поразлична од оригиналната серија од 1990-ите. Насловена едноставно „БХ90210“, таа ќе има шест епизоди и ќе се емитува на „Фокс“ од 7 август.

„Многу е различна. Тоа е серија во серија во серија. Има многу слоеви во неа. Фановите на оригиналната серија ќе бидат неверојатно задоволни“, вели Пристли, кој ќе ја повтори улогата на Брендон Волш.

Освен Пристли, во своите улоги се враќаат и Габриел Картерис, Шенен Доерти, Џени Гарт, Брајан Остин Грин, Тори Спелинг и Ијан Зиринг, како и некои поспоредни ликови. Серијата ќе му оддаде почит на Лук Пери, кој почина во март по мозочен удар.

„Лук беше голема личност и голем дел од серијата. Ни беше многу тешко да го пронајдеме најсоодветниот начин како да му оддадеме почит. Се надевам дека успеавме во тоа“, додаде Пристли.

Идејата за проектот се родила кога екипата се собрала на конвенција во Лос Вегас по повод 30-годишнината од серијата, која се емитуваше од 1990 до 2000.