ЛУЃЕТО ШТО ПОРАНО УКРАСУВААТ ЗА НОВА ГОДИНА СЕ ПОСРЕЌНИ

Лондон, (Мирор)

Можеби сте од оние луѓе кои почнуваат со празничните украсувања во последните неколку дена од декември. Но, последните анализи укажуваат на тоа дека луѓето кои почнуваат порано со украсување за Новогодишните и Божиќните празници се посреќни и повозбудени за животот.

„Иако постојат бројни причини зошто некои луѓе намерно ги украсуваат своите домови порано, тоа најчесто е од носталгични причини, за да можат одново да доживеат некои спомени од минатото. Со денешниот начин на живеење, полн со стрес и анксиозност, празничните украси ги асоцираат луѓето на чувства од детството, топлина и на спокој“, вели психоаналитичарот Стив Мекоун.

„Декорот е отвор кон сите тие магични емоции на детска возбуда. Така што, колку порано китите елка, толку подолго ќе ви трае таа возбуда“, објаснува Мекоун.

И покрај тоа што секој си има своја причина за украсување, куќите декорираните со светилки и со разни други празнични украси зрачат со посебна енергија на љубов и радост.

Животот е стресен, но убавите спомени му даваат смисла и го разубавуваат. Почнете да ги создавате тие спомени уште од ноември, советува психоаналитичарот.