Македонскиот оркестар „Фејмс“ кој е дел од Институтот „Фејмс“ настапи на свеченоста по повод најавата за изградба на првиот тематски парк на „Дизни“ на Блискиот Исток, на островот Јас, во Абу Даби.
„Настанот го организираа ‘Волт дизни’ и ‘Мирал’, а меѓу гостите беа познати личности како Тајрис Гибсон, Наоми Кембел, Ед Вествик и други. Шоуто беше импресивно и го следеа 7.000 дронови“, велат од оркестарот.
Со оркестарот диригираше од Стив Сидвел, а на сцената настапија и Ланг Ланг, заедно со пејачите Кери Елис и Соња Балсара. Нашите музичари ги свиреа најпознатите теми од филмовите на „Дизни“.

„Ова беше настап што нема да го заборавиме. Честа да бидеме дел од ваков глобален спектакл значи многу, не само за нас како оркестар, туку и за Македонија. Нашите музичари уште еднаш покажаа врвна професионалност и страст“, рече Од Насју Мапа, основачката на „Фејмс“.
Интернационалниот оркестар на „Фејмс“ е основан во Скопје во 2007, и е специјализиран за снимање музика за филмска и телевизиска продукција, видеоигри, класична и поп музика. Досега, има свирено за над 4.000 проекти.