Дела на македонските уметник Сергеј Андреевски од Скопје и Никола Пијанманов од Струмица (фото) се дел од првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ која е отворена во Грција, на островот Андрос.
Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) создаваа уметнички дела за време на нивниот престој во Витали, Андрос.

Во историска зграда во Хора, изложбата ќе биде отворена до 31 август. Уметници имаа средби со локалните производители и жители и истражуваа пејзажи: антички камени тераси, вековни маслинови градини, камени фарми и традиционални пешачки патеки. Преку оваа интеракција со островот и неговите жители, уметниците беа поканети да размислуваат за тоа како овие елементи служат како живи сведоштва за долгогодишна, хармонична врска меѓу луѓето и нивната околина.
Целта на резиденцијата и изложбата е да се истакне безвременската релевантност на традициите на островот Андрос, не како реликвии од минатото, туку како вредни ресурси за сегашноста.