МЕЃУНАРОДЕН БОЖИЌЕН ТАНЦОВ НАТПРЕВАР ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва и утре (13 и 14 декември), во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се  одржи Божиќниот танцов натпревар. Настанот се одржува по шести пат, а организатор е балетското студио „Анабела“ од Велес.

Годинава ќе учествуваат рекордно пријавени 1.917 танчари со 2.352 настапи од 36 танцови клубови од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Косово.

„Ова не е само уметнички настан, туку и стимул за локалната економија. Велес добива промоција како град кој знае да организира настани со европски стандарди. Големиот број гости од земјата и од странство придонесува за зголемен промет во угостителството и трговијата“, рекоа од балетското студио.

П. ПЕЧКОВ