МИРАНДА КЕР БИЛА ВО ДЕПРЕСИЈА ПО РАЗВОДОТ СО ОРЛАНДО БЛУМ

Супермоделот Миранда Кер по разводот со актерот Орландо Блум, извесен период била во депресија. Во интервјуто за магазинот „Д Едит“, ангелот на Викторија Сикрет вели дека разводот бил правилна одлука, но сепак минала низ тежок период.

„Тоа беше најисправно да го направиме. Не постои непријателство меѓу нас, секогаш ќе останеме пријатели“, рекла 24 годишната Кер.

Миранда и Орландо беа во брак три години и го имаат 6 годишниот син Флин. На почетокот на годинава Кер се омажи со основачот на „Снепчет“, Јуан Шпигел на интимна церомонија во дворот на нивната куќа во Лос Анџелес.

„Баба ми ме научи дека треба да се потрудите околу сопругот. Па кога Јуан ќе се врати дома, секогаш го пречекувам облечена во убав фустан и запалени свеќи. Секогаш наоѓаме време да вечераме заедно“, вели Кер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *