ЗА КРИСТИН ДЕЈВИС Е ФРУСТРИРАЧКИ ШТО НЕМА ДА ИМА „СЕКСОТ И ГРАДОТ 3“

Актерката Кристин Дејвис длабоко жали што нема да се снима трето продолжение на филмот „Сексот и градот“. Откако главната актерка Сара Џесика Паркер објави дека нема да има трет дел од филмот, Дејвис, која ја игра Шарлот во серијата и во филмот, на својот Инстаграм профил напиша:

„Вистина е дека нема да го снимаме третото продолжение на филмот. Посакувам да можевме да го снимине последното поглавје, да ги заокружиме приказните за секоја од нас. Фрустрирачки е што нема да можеме да го споделиме тоа поглавје со вас“, напиша Дејвис на Инстаграм.

На Твитер се огласи и Ким Катрал, која го игра ликот на Саманта, откако излегоа информации дека таа е причината поради која нема да се снима „Сексот и градот 3“, односно побарала од продуцентите прво да ги заврши останатите проекти кои ги има.
„Единствено барање ми беше дека не сакам да снимам трет дел на филмот. Тоа беше уште 2016 година“, напиша Ким Катрал на Твитер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *