МИСЛЕВ ДЕКА НЕМА ДА ЖИВЕАМ ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ, РЕЧЕ ЏЕЈН ФОНДА

САД, (Пипл)

Џејн Фонда, (87), зборуваше за својата несреќна младост и кажа дека сега е посреќна, во подкастот на Мишел Обама.

Добитничката на Оскар се осврна на тоа како смртта на нејзината мајка кога имала 12 години влијаела врз неа, вејлејќи: „Не мислев дека ќе живеам повеќе од 30 години“. Денес, таа вели дека „живее без да жали за ништо“.
„Бев сигурна дека ќе умрам“, додаде актерката. Иако пораснала во богато семејство на холивудскиот могул Хенри Фонда, нејзиниот живот бил одбележан со трагедија.

„Мајка ми почина кога имав 12 години“, рече Фонда, сеќавајќи се на смртта на нејзината мајка, Френсис Форд Сејмур, во 1950.

И покрај тешките почетоци, Фонда сега одбива да се задржува на минатото и се чувствува поисполнета од кога било. „И уште поневеројатно е што сега сум подобра. Многу сум среќна сама“, рече Фонда, на што Мишел Обама ѝ одговори: „Јас сум твоја обожавателка“.

 

Фото: ЕПА