11 КОНЦЕРТИ НА 45. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА СКАНДИНАВИЈА И СЛОВЕНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четириесет и петтото издание на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 15 до 18 октомври, а четирите вечери ќе се состојат од 11 концерти. Програмата целосно ќе се изведе во Националната опера и балет, каде што ќе има и полноќни концерти, кок претходно беа резервирани за Младинскиот културен центар.

Учесниците доаѓаат од три континенти: Европа, Северна Америка и Африка, со посебен акцент на скандинавската и словенечката џез сцена. Македонија ќе ја претставува квинтетот на Андреа Мирческа (фото).

Фестивалот го отвора интернационалниот октет на Леонхард Скорупа, во кој членуваат музичари од Австрија, Германија, САД и Македонија.

Втората вечер е целосно скандинавска, а на 17 октомври ќе настапи и јужноафриканскиот пијанист Ендудузо Махатини.

Цените на билетите дополнително ќе бидат објавени.

(Фото: Фејсбук)