Актерката на Драмски театар, Александра Павлова-Бубања, ќе ја промовира својата прва песна „Апсолутно релативно“ вечерва (8 октомври) во „Драмски бар“ во Скопје од 20 часот. За песната е снимен и спот.
Песната и спотот се направени во соработка со хип-хоп групата „Пука козметика“. Музиката и аранжманот се на Горан Трифуновски-Пајак, а текстот на Александра Павлова-Бубања и Дарко и Жарко Масларковски.
Видеоматеријалите и спотот се на „Октомври филм“, а постпродукцијата на Димитар Сеизов од „Мунлајт продукција“.