Американскиот диџеј и продуцент Роџер Санчез доаѓа во Скопје на 26 јуни, со настап пред салата „Расадник“ во Кисела Вода, објави Општината. Настапот на Санчез е во рамките на манифестацијата „Културно лето 2025“, со која се слави роденденот на Општина Кисела Вода.
„Стартуваме на 26 јуни во 20:30 часот, а сите детали за случувањата и изведувачите кои ќе настапат за време на тридневното одбележување ќе бидат објавени дополнително“, велат од Општината.
Минатата година, на прославата на 69. роденден на Општината, концерт одржа бендот „Суперхикс“, кој пак прослави 30 години постоење.