БИЈОНСЕ СТАНА РЕКОРДЕРКА ПО БРОЈОТ НА ОСВОЕНИ ГРЕМИ НАГРАДИ

Лос Анџелес, (АП)

Бијонсе стана најнаградуваниот музичар во историјата на Греми наградите откако ноќеска освои уште четири грамофончиња на доделувањето во Лос Анџелес.

Таа доцнеше на церемонијата зашто заглави во сообраќајот, пред да триумфира во категориите најдобра аренби песна, најдобра денс/електронска песна, најдобар денс/електронски албум и најдобра традиционална аренби изведба, сите за албумот „Ренесанса“, објавен лани.

Бијонсе сега има вкупно 32 Греми награди во кариерата, со што го надмина покојниот унгарско-британски композитор и диригент Џорџ Солти, кој славеше 31 пат во периодот меѓу 1963 и 1998 година.

(Фото: АП)