„БОЉИ ЖИВОТ“, НОВА ПЕСНА НА „ПУКА КОЗМЕТИКА“ СО АНДРЕЈ ЈОВАНОВИЌ-ДРЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младиот музичар Андреј Јовановиќ-Дре и едни од пионерите на македонскиот рап „Пука козметика“ промовираа нова песна со наслов „Бољи живот”. Музиката и аранжманот се на Јовановиќ, а текстот е на „Пука козметика“.

„На песната гостува и диџеј Славе, кој ги остави скречовите за да ја надополни оваа рап дружба. Снимена е во студиото ‘Алшар’ кај Ивица Јанкуловски, кој се погрижи за миксот и мастерингот. Мелодична музика со тврди рими кои ја отсликуваат реалноста во Македонија. Песната е повик за револуција на умот и борба за рамноправност“, велат од „Пука козметика“.

Видеоспотот го режираше Катерина Јорданоска за „Перспектива рекордс“.