БРАЗИЛСКАТА ПУБЛИКА СО СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ГО ПОЗДРАВИ СИМОН ТРПЧЕСКИ НА ТРИТЕ КОНЦЕРТИ ВО САО ПАУЛО

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Публиката во Сао Пауло со овации ги поздрави трите настапи на македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески на 17, 18 и 19 јули.

Како што соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“, Трпчески на 13 јули имал рецитал во Сао Пауло, а потоа три вечери настапил како солист на Симфонискиот оркестар на Сао Пауло, под диригентство на Васили Петренко. Трпчески учествувал во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 1 од Чајковски.

Македонски знамиња на еден од концертите во Сао Пауло. (Фото: „КултурОп“)

„На топлиот прием Трпчески возврати со изведби на бис, од Вила Лобос, преку Бужаровски, до фрагмент од ‘Македонисимо’“, велат од „КултурОп“.

Македонскиот пијанист на крајот на јули ќе настапи како солист на Филхармонискиот оркестар „Тосканини“ на фестивалот „Леричи“. На програмата е Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов.

Стартот на новата сезона во септември му носи настапи во Чешка, САД, Романија, Велика Британија и Холандија.

(Фото: КултурОп)