Брус Спрингстин ги откажа сите преостанати концерти до крајот на годината со цел да продолжи со лекувањето на пептичен чир. Седумдесет и четиригодишниот рокер најави дека сите одложени концерти ќе добијат нов термин во 2024.
Тој претходно ги откажа сите концерти од септември поради симптомите на оваа болест, која создава отворени рани во хранопроводникот, желудникот или тенкото црево.
„На совет на лекарите, одлучив да одморам до крајот на годината“, изјави популарниот Бос.
Спрингстин и неговиот „И стрит бенд“ ја почнаа меѓународната турнеја во февруари во Северна Америка, пред да дојдат во Европа летоска.
„Заздравувам и едвај чекам да се видиме следната година“, кажа Спрингстин.
(Фото: АФП)