Бугарскиот црноморски град Бургас ќе биде домаќин на Евровизија во 2027. Бугарија првпат се здоби со правото да го организира европското музичко натпреварување благодарение на победата на Дара во Виена во мај.
Иако веднаш по нејзината победа беше објавено дека домаќин ќе биде Софија, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) сега кажа дека Бургас е избран бидејќи им нуди на „фановите на Евровизија уникатна атмосфера за најголемиот музички настан во светот“.
„Четвртиот по големина град во Бугарија изгради силна репутација со своите плажи, паркови, културен живот и живи летни настани, како и со домаќинството на бројни музички, уметнички и меѓународни културни настани“, кажа ЕБУ.
Финалето на 71. Евровизија ќе се одржи на 15 мај, а двете полуфиналиња се на 11 и 13 мај.
(Фото: ЕБУ)