Владимир Четкар вечерва (17 октомври) ќе настапи во Скопје со својот бенд, во „Јавна соба“ од 21 часот. Веднаш потоа, џез-гитаристот патува за САД, каде што ќе има пет концерти.
На 24 октомври, тој ќе свири во Њујорк, на 31 октомври во Кливленд, на 7 ноември во Детроит, на 8 ноември во Колумбус и на 12 ноември во Сан Франциско. На сите концерти Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со авторска музика.