Д фестивал во Дојран ова лето, сепак, нема да се одржи во својот вообичаен тридневен формат со камп, но ќе биде одбележан со музички настан.

Д фестивал и пријатели“ ќе биде своевидно скратено издание на фестивалот, во рамките на кое на 22 август на главната бина ќе настапат некои од најпопуларните домашни музички имиња: „Суперхикс“, ЛД Пистолеро, „Бернајс пропаганда“, „Плуто‘с даутс“, Принцес Донатсу, Бон Праскиза и Донплеја. Бројот на посетители ќе биде ограничен на само 30% од предвидениот капацитет.

Организаторот „Пасворд продукција“ вели дека речиси сите учесници кои требаше да настапат оваа година на Д фестивал го потврдиле доаѓањето во 2021.