„ДАМИТЕ БИРААТ“, ДВА КОНЦЕРТА НА ДАЦ И АЛЕКСАНДАР НА 6 И 7 МАРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дуото Дац и Александар ќе одржи два концерта по повод Денот на жената на 6 и 7 март 2026 во Македонскиот народен театар (МНТ). Концертот е насловен „Дамите бираат“.

Продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац имаа уникатен концерт со посвета на женската публика во 2023 во Драмски театар со неколку гости.

„Гласовите, инструментите и срцата ќе се соединат со една мисла – да се прослави жената во сите нејзини улоги. Со силна поддршка од групата ‘Дрим тим’ и нивните специјални музички гости и пријатели, ќе ја исполниме салата со љубов, убавина и ноти што допираат до душата“, велат од тимот на Дац и Александар.