Џастин Бибер го објави новиот албум „Swag“, седмиот студиски по ред. Тоа е неговиот прв албум од 2021, и прв откако му се роди син минатата година.
„Инспириран од неговата посветеност како сопруг и татко, ова е дел од неговата најлична музика досега“, рекоа од „Деф џем рекордингс“ за албумот со 21 песна.
Бибер е двократен добитник на Греми за наградата пејач и канадски поп идол, и е една од најголемите ѕвезди во аренби музиката. На почетокот на својата кариера, како тинејџер, Бибер почна да работи со Ашер и влијателниот музички менаџер Скутер Браун.
Во 2023, Бибер ги продаде правата за својата музика, сите шест албуми на „Хипогносис“, компанија за музички инвестиции од Велика Британија. Финансиските детали од договорот не беа откриени, но списанието „Билборд“ објави дека продажбата вредела околу 200 милиони долари.
Во август 2024, Бибер и неговата сопруга, моделот Хејли Бибер го објавија раѓањето на нивното прво дете, Џек Блуз Бибер.
(Фото: АП)