Ветераните на џипси панк звукот „Култур шок“ се враќаат во Македонија по три години пауза. Американскиот бенд со балкански корени ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 15 април во рамките на турнејата насловена „30 години оптимизам“. Бендот со неа одбележува три децении постоење.
Формиран во Сиетл во 1996 од Босанецот Срѓан Јевѓевиќ-Џино, „Култур шок“ комбинира рок, метал и панк со традиционалната музика од овие простори. Досега има објавено 14 студиски и концертни албуми. Групата моментално ја сочинуваат четири члена.
Почетната цена на билети е 600 денари.
(Фото: Фејсбук)