„Диско вечер“ е темата на традиционалните Василичарски концерти на Националната опера и балет (НОБ), кои ќе се одржат на 12 и 13 јануари од 20 часот.
„По повод празникот Василица, традиционалниот Гала концерт и оваа година ќе ѝ понуди на публиката исклучително сценско и музичко доживување“, најавуваат од НОБ.
Програмата претставува современа интерпретација на безвременската популарна музика од втората половина на 20. век.
Билетите се пуштени во продажба.
(Фото: К. Попов)