Од 1 до 3 август во Приштина, Косово ќе се одржи Сани хил фестивал на кој ќе настапат повеќе светски ѕвезди: Дуа Липа, Шон Мендез, Фетбој Слим, Пеги Гоу, Анима и Мочак.
Фестивалот ќе започне со настап на Дуа Липа, која се враќа крајот од каде што потекнува за да го отвори овој музички настан. Приштина ќе биде дел од светската турнеја на англиската ѕвезда со потекло од Косово.
Веднаш по неа, на сцената „C4“, ќе настапи Фетбој Слим, ѕвездата на електронската музика кој е добитник на шест Ем-Ти-Ви награди. Вториот фестивалски ден, 2 август, ќе го одбележи канадската поп-ѕвезда Шон Мендес, кој за првпат доаѓа во Косово. Истата вечер, настапува и бразилскиот диџеј Мочак.
На финалната вечер, 3 август, на главната сцена настапи италијанско- американскиот диџеј и продуцент Матео Милери со соло проектот „Анима“, како и диџејката и пејачка од Јужна Кореја Пеги Гоу.
„На програмата се и голем број други талентирани музичари, а светските ѕвезди никогаш не биле поблиску, затоа што сето ова ќе одржи на само еден час возење од Скопје“, велат организаторите кои преку страната sunnyhillfestival.com организираат патување до Приштина.
Фото: Ворнер брос