ДУОТО „КОМПАЊИ“ ОД ГЕРМАНИЈА ЌЕ НАСТАПИ НА „ОКТУБАФЕСТ“ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Германското дуо „Компањи“, составено од тубистот Зигфрид Јунг и пијанистката Сузане Ендрес, ќе настапи на 13 октомври во Малата сала на Филхармонијата во рамките на „ОкТУБАфест“, последниот настан од годинашниот Скопски брас Фестивал.

Програмата ќе почне во 18 часот во барот на Филхармонијата со германски храна и пиво, а рециталот на дуото е од 20 часот. Јунг и Ендрес ќе изведат дела од автори од Латинска Америка и од Балканот. Како гости ќе настапат тубистите Мицко Дамњановски, Ник Де Карло и Александар Ниниќ.

По рециталот, програмата ќе продолжи во барот на Филхармонијата, каде што бенд од македонски брас музичари, под уметничко водство на Јунг, ќе свири традиционални германски полки.

Билетите за рециталот чинат 200 денари.