Дуото „Дупер“ ќе одржи концерт во Охрид на 5 август во Антички театар, објави продукцијата „Прагма“. Ова ќе биде нивни прв концерт на оваа сцена.
Пред еден месец, бендот го издаде синглот „Може, може, може“. Песната ја напишаа членовите на дуото Борис Какуринов и Илчо Нечовски. „Некажано“ и „Дупер ѕвезда“ се нивните понови синглови кои излегоа во изминативе неколку месеци.
„Дупер“ се појави на македонската сцена со песната „Не сум твој тип“ во 2018. Спотот за оваа песна, во режија на Томи Акимовски, има повеќе од три милиони прегледи.
Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.