„ЕЛЕМЕНТАЛ“ Е ПРВИОТ ПОТВРДЕН УЧЕСНИК НА 14. Д ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватскиот бенд „Елементал“ е првиот потврден учесник на годинашното, 14. издание на Д фестивал, што ќе се одржи од 28 до 30 јуни.

Најавуваме магична ноќ, исполнета со уникатна комбинација на рап, фанк, соул и рок. Експлозија од звук и енергија, искрени текстови и моќни настапи“, вели организаторот „Пасворд продукција“.

И додека почна да се објавува листата изведувачи кои ќе настапат на една од шесте бини, засега нема потврда дали фестивалот ќе продолжи на својата досегашна локација во Дојран.