ЗАРИНА ПРВАСЕВДА ЌЕ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ НА 24 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В сабота (24 февруари) од 21 часот, пејачката Зарина Првасевда ќе одржи концерт во „Јавна соба“ во Скопје. Концертот е во рамките на настапите насловени „Светско, а наше – саботи на светска музика“.

Зарина Првасевда пее македонска и светска традиционална музика. На крајот на минатата година беше прогласена за најдобар нов талент во Будимпешта, во изборот на европската UPBEAT платформа. Нејзиниот деби албум „Ехо”, кој е отпеан на четири јазици, е издаден за „Кроација рекордс“. Има настапено на повеќе фестивали во Франција, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Македонија.

Во 2022, таа одржа концерти во Филхармонијата и во Офицерскиот дом во Битола.