„ФАНК ШУИ“, „КОРПОРАЦИЈА ВАГИНА“ И „ЛУФТАНЗА“ НОМИНИРАНИ ЗА ЕВРОПСКАТА МУЗИЧКА НАГРАДА ХЕМИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските бендови „Фанк шуи“, „Корпорација вагина“ и „Луфтанза“ влегоа во потесниот избор за музичката награда ХЕМИ за 2024, која опфаќа изведувачи од централна и југоисточна Европа.

Од вкупно 27 кандидати, девет ќе влезат во втората фаза, од каде што ќе се избире добитникот на наградата ХЕМИ, што ја доделува истоимениот центар за размена на музички иновации. „Фанк шуи“ беше меѓу деветте финалисти во 2021 година.

ХЕМИ е програма која има за цел да поддржи талентирани изведувачи од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија кои се подготвени да ја пласираат својата музика на европско ниво.

(Фото: Фејсбук/Луфтанза)