ФАНОВИ НА ВИЛ СМИТ СЕ ОБЛЕКОА ВО СТИЛОТ НА 1990-ТИТЕ НА НЕГОВИОТ ПРВ КОНЦЕРТ ОД ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА

Англија, (Би-Би-Си)

Холивудската ѕвезда Вил Смит ја започна британската етапа од својата прва европска турнеја во Скарборо.  Добитникот на Греми и Оскар го избра одморалиштето на брегот на Северен Јоркшир за да ја започне турнејата „Врз основа на вистинска приказна“, настапувајќи пред повеќе од 6.000 луѓе. Турнејата следува по објавувањето на неговиот прв албум по 20 години.

Некои фанови носеа маици со насловот на серијата „Принцот од Бел-Ер“ (Фото: Би-Би-Си)

Смит, најпознат по своите улоги во ТВ-ситкомот „Принцот од Бел-Ер“ и филмови како „Мажи во црно“ и „Аладин“, по Скарборо ќе настапи во Манчестер, Лондон и Париз. Во публиката беше и деветгодишната Алиса, родена 17 години по објавувањето на првиот албум на Вил Смит, која рече дека го видела актерот на ТокТок и решила да дојде да го гледа..

Некои фанови се облекоа специјално за оваа пригода, во стилот на 1990-тите и маици со насловот на серијата „Принцот од Бел-Ер“.

(Фото: ЕПА)