Вечерва (27 ноември) од 20 часот, Филхармонијата ќе го одржи роденденскиот концерт „Звук што трае“. Како солист ќе настапи виолинистот од Ерменија, Сергеј Хачатријан (фото). Диригент е Јерухам Шаровски од Израел.
На програмата се Свита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Прокопиев, Концерт за виолина и оркестар во Д-мол од Хачатуријан и Симфонија бр. 1 во Ц-мол, оп. 68 од Брамс.
На 24 ноември, Филхармонијата го прослави 81. роденден. Новата концертна сезона, која годинава е насловена „Без филтер“, ја започна на 2 октомври.
„Оваа сезона ја нарековме ‘#Без филтер‘ затоа што класичната музика не подлежи на вештачки разубавувања, туку станува збор за уметност без шминка, во својата најавтентична форма“, рече директорот на Филхармонијата, Мустафа Имери.