КАЛИОПИ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 17 ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Калиопи ќе одржи концерт во Скопје на 17 октомври во салата „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“.

Добивајќи „Златна бубамара“ за хит на годината за песната „Води ме“, која ја пее во дует со Слаткаристика, таа го најави концертот и ја повика целата публика да дојде.

„По распродадената арена ‘Борис Трајковски’ во 2024 и четирите распродадени концерти во 2025 во Филхармонијата, интересот за нејзините настапи повторно расте со интензитет што ретко се гледа на домашната сцена. Овие бројки не се случајност, туку потврда за довербата што публиката ѝ ја дава со години. Токму затоа, концертот на 17 октомври се најавува како логично продолжение на тој успех“, велат организаторите. 

Од „Прагма“ додаваат дека се подготвуваат внимателно осмислена сценографија, светлосен и визуелен концепт и богата музичка продукција.

Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.