Калиопи ќе одржи четври акустичен концерт во Филхармонијата на 30 декември од 20 часот, објави продукцијата „Прагма“. Концерт за паметење беше првиот кој се одржа на 14 ноември, а вториот и третиот се закажани за 6 и 7 декември.
На прес-конференцијата пред концертите, менаџерот Кристијан Стефановски кажа дека чекаат слободен термин за четвртиот концерт.
„Кога бев на Евровизија во 2016, јас сакав да ја пеам ‘Дона’, а Ромео Грил сакаше да ја пеам оваа песна затоа што е поуметничка. Му реков: ‘Ромео, ајде еднаш нека биде по мое, остави ме да си го слушам срцето’. Тој ме послуша, но јас се покајав. Оттогаш му реков дека ќе биде по негово“, рече Калиопи за песната „Казна“, која лани ја сними во дует со Слаткаристика, а на концертот ја отпеа оригиналната верзија напишана пред девет години.
Изненадување на вечерта беше блокот со евергрини од 1970-тите од Сашка Петковска, Драган Мијалковски и други пејачи, за кои Калиопи рече дека им се восхитувала гледајќи ги на црно-бел екран.
Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.
Фото: К. Попов