КАЛВИН ХАРИС СНИМИ ПЕСНА СО ОСКАРОВЕЦОТ СЕМ СМИТ

Лондон, (Индипендент)

Најплатениот диџеј на светот Калвин Харис сними песна со британскиот поп и соул пејач Сем Смит, кој доби Оскар и Златен глобус за песната од филмот „Спектра“ во 2015 година.

Шкотскиот диџеј и продуцент, чие вистинско име е Адам Ричард Вајлс, на Твитер објави дека песната ќе излезе в петок, а насловот е „Ветувања“.

Како докажан хитмејкер, Харис веќе ги освои топ-листите оваа година, благодарение на песната „Еден бакнеж“ со Дуа Липа, а најави и враќање на Ибица во клубот „Пача“. „Еден бакнеж“ беше најголемиот летен хит оваа година, откако помина осум недели на врвот на британската топ-листа.